Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук статус соопшти дека од денеска се враќа на работните обврски по вирусот корона.

„Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи“, напиша Мицкоски.

Тој се заблагодари на медицинскиот тим во Инефктивната клиника и вели дека сите тие се борат за секој живот во тешки услови со ресурсите кои ги имаат.

„Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите. Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада, уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе“, додаде Мицкоски.