Владата на Република Македонија ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во „Службен весник на РМ“ со потпис на Претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов, стои во соопштениетоиспратено од владината прес-служба.

Од Владата велат дека Иванов бил  должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно било да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија.

Според Член 51, став 2 од Уставот на РМ, секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Тоа е обврска и за Претседателот на државата.Членот 75, став 3 од Уставот на РМ е јасен, Претседателот на државата е должен да го потпише указот за прогласување на законите што ги носи Собранието на Република Македонија, доколку тие по втор пат се донесат со потребното мнозинство во законодавниот дом, односно Собранието, се наведува во соопштението од Владата.

Иванов, велат од Владата, беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија.

Владата на Република Македонија смета дека со оваа постапка Претседателот на Собранието на РМ ја запре тенденцијата една церемонијална постапка на Претседателот на државата да се претвори во преседан кој се закануваше да го блокира функционирањето на системот и тоа со кршење на Уставот со оглед на фактот дека, според заедничкото читање на Член 75 и на Член 52  од Уставот, Претседателот на државата е должен да потпише указ секогаш кога Собранието по втор пат одобрува донесување закон, велат од Владата.