Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари.

Според тоа, Џафери посочи дека првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Спикерот Џафери вели дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на 14 април, а вториот на  28 април, но бидејќи овој датум се совпаѓа со Велигден, изборите ќе се поместат за една недела подоцна.

Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде сега има в.д. градоначалници.