Денеска во Основниот суд 2 во Скопје се одржа подготвително рочиште на кое братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, го тужи потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за клевета. Притоа, Вице Заев бара надомест за клеветата од 30.000 денари.

Според обвинението, тужителот смета дека е изречена невистина во зборовите на Николоски дадени во медиумите дека братот на премиерот станува главен бизнис фактор во државата.

Николоски објасни дека и во Брисел и во Вашингтон добро знаат за тоа што го кажал и дека не чувствува вина, затоа што како потпретседател на партија, смета дека има право да говори во јавноста.

На рочиштето не се појави тужителот, Вице Заев, туку само неговиот адвокат, Горан Заев, додека Николоски одлучил да нема адвокат и да се застапува сам.

Следното рочиште е закажано за 26 февруари.