Зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања, се темите на кои ќе се осврнат шефовите на дипломатиите на Македонија и Турција, Никола Димитров и Мевљут Чавушоглу на средбата во Анкара.

На работната посета на Димитров, што почнува од денеска, а ќе трае до 18 јануари, се очекува тој и неговиот турски колега да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

Димитров, како што соопшти МНР, е предвидено да има средби и со други високи турски функционери, меѓу кои министерот за одбрана Хулуси Акар и со претставници на турскиот Парламент.