Вселенскиот патријарх Вартоломеј  потенцира дека не е потребвно никакво чекање или оджување сеправославни собири, туку сите православни цркви треба да ја признаат украинската автокефалност.

– Значи, да зборуваме отворено. Во стварност, проблемот не е украинската автокефалија, ниту наводните непостоечки или невалидни хиротонии во украинската јерархија, на кои некои се повикуваат тенденциозно. Целта е да му се одземат овие уникатни одговорности на Константинополскиот трон и да преминат во други раце. Така, разбирате дека од мојата положба јас не можам, од една страна, да ги отфрлам моите одговорности, кои ги имам наследено, преку актите на Црквата, од моите претходници и, од друга страна, бидејќи и тоа е моја одговорност, да го дозволам ова духовно свлечиште на оние кои флертуваат со федерализацијата на Православната Црква, според протестантски терк, наведува патријархот Вартоломеј во инетрвјуто за „То Вима“