В недела централната прослава за 1.000 години од Бигорскиот манастир

13.10.2020 / 9:55


В недела на 18 октомври ќе биде одржана главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј, пак, ќе доделат ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде што ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето  маски и одржувањето на потребното растојание, ќе бидат задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

По тој повод е објавен пригоден видео спот „1.000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“.

Од Бигорското братство информираат дека од одбележувањето на овој многу голем јубилеј ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Муцунски: Ќе работиме да се најде решение заедно со нашите европски партнери, но не решение по секоја цена

пред 12 часа
Македонија

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување

пред 1 ден
Македонија

Што говореше Питу Гули: Јас немам мајка, немам жена, немам деца – мојата мајка е Македонија

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе

пред 1 ден
Македонија

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Историјата не бара од нас да ги повторуваме чекорите на илинденците и асномците, туку да ја покажеме истата храброст што тие ја покажаа

пред 2 дена
Македонија

Николоски:Убаво е да се видат 47 среќни семејства, со овие проекти решаваме животни прашања

пред 2 дена
Македонија

Празничен продолжен викенд: Охрид и Битола полни, гужви на Табановце и Евзони

пред 3 дена
Македонија

Ахмети имал инфорации дека ќе му се суди на УЧК во Хаг

пред 3 дена
Македонија

СДСМ и Филипче со години ги криеле анализите за загадена вода

пред 4 дена
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişHoliganbetHoliganbetGrandpashabetGrandpashabetjojobetjojobetgrandpashabetcasibomiptv satın albetcioGrandpashabetAnkara escortjojobetAnkara escortCasibomgrandpashabetjojobetJojobet Giriş