В недела централната прослава за 1.000 години од Бигорскиот манастир

13.10.2020 / 9:55


В недела на 18 октомври ќе биде одржана главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Централната прослава ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј, пак, ќе доделат ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде што ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето  маски и одржувањето на потребното растојание, ќе бидат задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

По тој повод е објавен пригоден видео спот „1.000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“.

Од Бигорското братство информираат дека од одбележувањето на овој многу голем јубилеј ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Синер го освои Мастерсот во Париз

пред 7 мин.
Македонија

Излезност до 11:00 часот – Пробиштип води со 22%, најниска излезност во Сарај

пред 6 часа
Македонија

Граѓани, излезете да гласате – не дозволувајте некој однадвор да одлучува за вас и вашите општински проблеми!

пред 7 часа
Македонија

Ќе се стави ли ред со здравственото осигурување?

пред 1 ден
Македонија

Денеска е изборен молк пред утрешните избори

пред 1 ден
Македонија

Денеска е Митровденска задушница

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија

пред 2 дена
Македонија

Лукровски: Ќе спроведеме целосна ревизија на сите урбанистички планови во Карпош

пред 2 дена
Македонија

Стефановски: Опасно е Амар да биде прв човек на Скопје

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Ние ја започнавме нашата иднина и нема назад

пред 2 дена