По последните случувања во Собранието и препукувањата кој го спаси Трајко Вељаноски, за утре се најавува средба на Зоран Заев и Али Ахмети.
Средбата ја потврдува Ахмети, кој тврди дека нема криза во владината коалиција, а изјавите на Мухамед Зекири дека може да има влада и без ДУИ, ги коментира:
„Тоа се изјави на еден функционер на СДСМ.“
Притоа тој е оптимист дека напорите и разговорите за изноаѓање на консензуален кандидат за претседател ќе вродат со плод.
Предвидено е двајцата лидери да се сретнат утре попладне по завршување на собраниската седница за пратенички прашања.
„Утре ќе оствариме средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да се стави крај на овој процес. Утре ќе разговараме долго и широко и за ова, и сигурен сум дека ќе најдеме решение“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Comments are closed for this post.