СДСМ вечерва одржува координација на која ќе се разгледуваат сите актуелни политички случувања, меѓу кои треба да стане збор и за можноста за заеднички претседателски кандидат на претсојните избори закажани за април.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев пред средбата за медиумите изјави дека во тек е постапка за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател. Верува дека ќе изнајдат заеднички кандидат со ДУИ и потврди оти утре ќе има средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата како што рече ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија каде е закажана седница за пратенички прашања.

Тој посочи дека не знае каква одлука имаат во ДУИ, но верува дека веќе имаат свои предлози за кандидати.

Како што изјави порано портпаролот на партијата Костадин Костадинов, ова е редовна координацијана партијата.

„Веќе навршува постапката околу конгресот што треба да се одржи на 3 март, согласно одлуката на  Централниот одбор на СДСМ, да ги видиме кандидатите. Веројатно ќе се разговара околу можностите за настап на заеднички кандидат што е нешто добро и здраво за државата“, рече Костадинов.

Според најавите, состанокот се очекува да трае до доцна вечерва