Oднесувањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и говорењето на албански јазик на официјални средби со странски државници значи само едно-непочитување на Уставот и на официјалниот јазик на државата која го плаќа.

Во Уставот, поточно  во Амандманот 5 став 1 јасно е наведено.

Службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик.

Со  последниот скандал при посетата на шпанскиот министер за надворешни работи Османи покажува дека з него важат само партиските закони, а на Устав се повикува само кога се засегнати интересите на Албанците, и секако на ДУИ.