Францускиот парламент го ратификува протоколот , објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“.

„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

Откако сите земји членки на алијансата ќе го ратификуваат протоколот, тој ќе треба да се најде на ратификација пред Собранието, со што Maкедонија ќе стане членка на НАТО.