Не може да има мир без правда, истакнува на својот Фејсбук профил Уранија Пировска по изгласувањето на Законот за амнестија. И во самата објава на прифилот е користен вокабулар познат од паролите на „шарената револуција“.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права резигнирано истакнува дека „типот што украде ќебапчиња“ ќе си лежи.

„Ќе си леѓите! Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое трева да обезбеди достоинствен живот на граѓаните. Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ.

Сега освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузници во борбата за слобода! И така, борбата продолжува!