Управа за финансиска полиција: Се проверуваат сомнителни тарнсакции меѓу ЕВН Електарни Македонија и физички лица

11.11.2021 / 10:35


Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица, соопштија од Управата.

-Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, се вели во соопштението.

Оттаму целосно ги демантираат и отфрлаат изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак пак кај некој друг претставник на политичка партија.

-Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ MAKЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје. Ве молиме Управата за финансиска полиција да не се злоупотребува за
политички цели, заклучуваат од Управата.

За разлика од соопштението, телевизија Телма во својата првична информација посочува сознанија од сопствени извори дека Финансиската полиција води предистражна постапка за сомнителни трансакции за локалните избори кои доаѓале од ЕВН.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

пред 8 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Ни бившиот на Драгана Мирковиќ не му го крена рејтингот на Филипче

пред 11 часа
Македонија

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

пред 1 ден
Македонија

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

пред 1 ден
Македонија

Во СДСМ страдале од преработеност од седење по кафани на „Боемска“ (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска и Милатовиќ ги потврдија добрите односи меѓу Македонија и Црна Гора (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции, ако треба ќе чекаме децении

пред 3 дена
Македонија

Амбасадорот Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“

пред 3 дена
Македонија

Вака ќе изгледа новиот охридски аеродром (ФОТО)

пред 3 дена
gamdomCasibomJojobet Girişmarsbahis girişGrandpashabet Giriş