Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.
Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте се што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови. Прашањето е не „дали”, туку „кога” ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земја и на регионот е во ЕУ“, нагласи Туск.
Претходно Туск се сретна и со премиерот на Албанија, Еди Рама, уште една земја-кандидат која чека датум за преговори, но и земја каде власта се тресе под притисокот на опозицијата. Слично како и во Македонија, па недобивањето датум за преговори практично може да значи промена на политичките сили во двете земји.
Туск изборот на Пендаровски за претседател го оцени како „ референдум за меѓуетничкото помирување“ и добри односи со соседите.
Вие тој тест го поминавте успешно. Договорите со Бугарија и со Грција се историски, и пример што треба да го следат и другите во регионот и пошироко“, рече претседателот на ЕС.
Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата кажа дека по исполнетите задачи, „Северна Македонија не бара незасужена награда, туку заслужена шанса да изградиме европска држава со праведно, хумано и напредно општество“.
Тој посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратегиска определба на државата и на огромното мнозинство граѓани.
Овој јуни ЕУ има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на целиот наш регион – со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија“, порача Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.
I believe that there can be only one decision: to launch negotiations in line with the Commission’s recommendations both with North Macedonia and Albania. The question today is not if, but when.
My press remarks with @SPendarovski: https://t.co/DenR3Td8qo pic.twitter.com/70x8ABZPa7— Donald Tusk (@eucopresident) June 12, 2019
Comments are closed for this post.