Неофицијално повредено е бебе и неговата мајка во тешка сообраќајна несреќа која пред малку се случила на Илинденска пред Фонтана во Парк. До нашата редакција фотографии испратија случајни минувачи, кои не информираа за сообраќајката на Илинденска.
Според некои очевидци автомобил загубил контрола и излетал од патот при што се удрил во бандера.
Други, пак сведочат дека автмобилот со кој управувал маж, а мајката била совозач, преминал преку полна лента за да претекне колона. Таму имало друго возило што вртело лево. Го закачиле, по што изгубиле контрола и удриле во столбот. Според кажувањата возеле прилично брзо.
Неофицијално, освен бебето и неговата мајка, повредено е уште едно лице. Во моментов полициски екипи вршат увид, а сообраќајот на овој патен правец со одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Comments are closed for this post.