Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, ден по завршувањето на реферндумот се јавија со заедничка декларација,со која порачуваат дека сега Сопбранието е на потег.

На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за европскиот пат. Парламентот е сега повикан да продолжи со следните чекори за имеплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните промени, пишува во изјавата на Могерини и Хан.

Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно напредување на патот кон ЕУ.

На сите политички и институционални актери сега е да делуваат во рамките на нивната уставна одговорност надвор од партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и нејзините граѓани, порачаа Могерини и Хан.