Три години затвор за поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, а три години и два месеци затвор за лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и пол  затвор, а членовите Анета СтефановскаВлатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.

Според обвинението, од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедредин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.

Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.