Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на СДСМ и Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 говорејќи за скандалозната афера со фалсификувани пасоши од страна на МВР на странски наркобосови вели дека доколку добро се истражи целиот случај преку оваа афера ќе се стигне до високи носители во МВР и пошироко.

Мислам дека ако се работи до крај, ако се истражат сите аспекти на оваа афера, ќе се стигне и до високи носители на позиции и во МВР и пошироко, рече Трајанов.

Според него, добро е што една странска држава се склучила во расчистување на целиот случај, бидејќи во спротивно штанцање на пасоши на нарко босови и ликови кои се ризични за безбедноста на државата ќе продолжела.

Добро е што една странска држава се вклучила бидејќи веројатно ако не беа тие и натаму ќе се штанцаа пасоши на познати нарко босови на лица кои што можат да ја загрозат безбедноста и овде и пошироко и тоа ќе беше фабрика за обезбедување на парични средства, посочи Трајанов.

Трајанов е дециден дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја саботирала операцијата, бидејќи во МВР веќе едно од лицата кои биле вклучени во фалсификување на пасошите било уапсено поради фалсификување на возачки дозволи.

Инаку не се сложувам дека ВМРО-ДПМНЕ ја опструирало операцијата, само месец дена пред да се открие веќе во МВР беше уапсен припадник на МВР за издавање на фалсификувани возачки дозволи, а тој истиот бил вклучен и во издавање на фалсификувани пасоши. Мислам дека истрагата води пошироко и очекувам дека под диктат на странскиот фактор ќе се шири ова, вели Трајанов.