Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, во „Неделен брифинг со Сотир Костов“ во врска со изјавата на претседателот Пендаровски за 27-ми април, рече дека истата изјава била чудна затоа што доколку смета дека судењето е неправедно тој има уставна алатка за помилување за тие лица.

Ја слушав изјавата на претседателот Пендаровски и морам да признаам дека му беше чудна изјавата за 27-ми април, па тој сам изјавува како не е среќен и како има тука некоја неправда, ама поради тоа што бил легалист ќе оставел тоа да го бараат други, да бараат повторување на постапката, а законот и Уставот му даваат на него право кога ќе почувствува дека низ судењата или другите механизми правдата потфрлила, да го користи помилувањето, така да тоа може да го користи, истакна Калајџиев.