Тепачката се случила вчера попладне околу 14 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга. До инцидентот дошло поради паркинг место.

Неколку лица го нрушиле јавниот ред и мир и извршиле насилство врз 27-годишно момче од струшкото село Загрчани.

Полицијата презема мерки за идентификување на учесниците во насилството, кои извршиле и оштетување на патнички автомобил, сопственост на оштетениот, соопштуваат од СВР  Охрид.

Инцидентот бил снимен, а снимката била објавена на социјалните мрежи и ја користат медиумите.