Конечното признание на Зоран Заев дека Бугарија нема да дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ ги вратија сеќавањата за ветувањата на премиерот дека со Договорот за добрососедство се затвораат сите отворени прашања со источниот сосед и оти со потпишувањето ни се отвора европската врата. Вратата не само што не се отвори туку посилно ни ја треснаа, и тоа „браќата“ на Заев.

Се потврди дека она што пред три години го тврдеа познавачите на односите меѓу Македонија и Бугарија дека Договорот за добросодество е полош од оној со Грција.

Со нив барем бевме на чисто дека сакаат да потпишеме дека сме различни, додека со Бугарите ситуацијата е обратна , сосила сакаат да прифатиме дека сме исти. Јазик, народ, историја, „сшто било исто“.

Ама на сите, освен на Заев му е јасно дека тоа не е така. За волја на вистината можеби и на Заев му е јасно но кога се фатил на орото мора да прифати.

Да почнеме со ред

Заев денеска тврди дека ова не било вето од Бугарија. Како и да го нарече ова премиерот, блокада, непријатна порака, ова со вистински збор се вика вето. Вето какво што имавме 2008 во Букурешт од Грција и какви што ќе имаме којзнае уште колку од Бугарија во текот на преговорите кога и да започнат.

Она што остана незабележано е денешната изјава на Заев дека„ ние немаме договор со кој сме прифатиле заедничка историја со Бугарија“.

Дали тоа е така!. Во членот 8 од договорот се говори за заеднички историски настани и личности што преведено на бугарски речник значи заедничка историја.


Згора на тоа, Заев во неколку наврати изјавува дека „Илинденското востание е дел од заедничката историја со Бугарија“ и оти „прифаќаме дека имаме дел заедичка историја“.

Затоа, на договорот можеби и му треба анекс, ама во наша корист бидејќи тој е асиметричен и ја става Македонија во подредена положба и вечно да мора да удоволува на барањата на Софија за да мрднеме во преговорите со ЕУ. А кога еднаш ќе почнеш да попушташ тогаш нема крај….