Со изведба на најпрепознатливите музички шлагери, сестрите Тамара и Тијана во заеднички настап со Македонската филхармонија ќе бидат главните ѕвезди во прославата под отворено небо што ја организираат од Владата во рамки на прославата за денот на Независноста, 8. Септември. Свој настап ќе има и Емин Џијан, а случувањето ќе биде отворено со концерт за најмладите од „5+“ бенд.

Музичкиот хепенинг ќе се случува на платото во дворот на Владата, а почетокот е предвиден за во 18 часот. Претходно, од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека саботата на 8. Септември ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.