Тактизирањето на Зоран Заев успеа. Одлолговлекувањето на одлуката дали ќе му ја прифати оставката на министерот за здравство Венко Филипче поради пожарот во Тетово беше со  цел да се совпадне со роковите поврзани со работата на Собранието.

Па така, денеска е последен ден од работата на Собранието поради почетокот на изборната кампања за локалните избори.Кампањата започнува в понеделик и Собранието престанува со работа.

Тоа ќе мирува се до завршувањето на вториот круг на локалните избори на почетокот на ноември.  Во тој период дури и Заев да му ја прифати оставката на Филипче и таа да биде доставено до Собранието ќе нема кој да ја констатира.

Дотогаш веројатно ќе биде готов и извештајот по кој Заев ќе одлучува дали има аргументи да ја прифати оставката на министерот.

Народски кажано, Филипче останува министер до Нова Година а за потоа ќе видиме