Судијката Добрила Кацарска очигледно не го прочитала упатството на Министерството за надворешни работи за користењето на новото име на државата и придавките, што ќе можат да се употребуваат, согласно Договорот од Преспа.

Само пред два дена на брифинг во Владата, токму врз основа на упатството, јасно беше кажано дека се до денот на објавувањето на Договорот во Службен весник, треба да се користи Република Македонија, а не Република Северна Македонија.

На објавувањето на пресудите за настаните од 27 април 2017 година, судијката Кацарска упорно го користеше новото име Република Северна Македонија. Па, така, излезе дека обвинетите и веќе осудените го нарушиле уставниот поредок на Република Северна Македонија, а не на Република Македонија и дека настаните се одвивале во Република Северна Македонија, а не во Република Македонија.

Можеби владината прес-служба ќе трба да одржи брифинзи и за судиите.