Оперскиот пејач е ослободен од обвинението за настаните од 27 април. Тој мирно ја слушаше пресудата во судот со која Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува.

Додека судијката Добрила Кацарска ја читаше пресудата, неговата сопруга Ана плачеше од среќа што Игор е прогласен за невин.