Осудениот на 15 години затвор за упадот во Собранието на 27ми април Јане Ченто не побара да се брани од слобода.

Се прашував дали да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор, со оглед дека бев вратен во притвор од полицаец, за потоа да се утврди дека полицаецот лажел. Поради ова нема да барам да се бранам од притвор да не му текне пак на некој со лажна службена белешка да ме враќа назад. Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, рече Ченто во судницата по објавуввањето на пресудата.