Обвинителката Лиле Стефанова објасни дека Катица Јанева барала од нејзе да потпише налог според кој дел од обвинетите од случајот „Империја“, наместо во притвор да заминат во домашен притвор.

Стафанова со тоа не се согласувала и поради тоа Јанева ги собрала сите обвинители на состанок. Таму им рекла дека Камчев, но и Мијалков, Јанакиески и Божиновски треба да заминат во домашен притвор.

– Тие нема да бегаат. Ова е важно и за донесување на законот за Јавно обвинителство – и рекла Јанева на Стефанова.

По неколку денови, Стефанова ги пуштила налозите и обвинетите биле пуштени во домашен притвор.