Медицински персонал  тргна по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили. Одлуката ја соопшти вчера министерот за образование Арбер Адеми и таа доаѓа како одговор на прогласената епидемија од ваков вид сипаници.

Адеми вели дека кампањата не е агресивна.

Мислам дека воопшто не е агресивна кампањата, а треба да биде агресивна имајќи ја предвид ситуацијата со која се соочуваме. Имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку треба да бидат поактивни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, рече министерот.

Адеми верува дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати.

Пред два дена во Македонија беше прогласена епидемија на ситни сипаници на целата територија. Комисијата за заразни заболувања донесе одлука да се забрани да се носат невакцинирани деца во градинките.

Во државата се регистррани над  960 случаи со морбили. Вкупно 20 градови имаат регистрирано случаи на мали сипаници.