Спремете се за одење во Грција со ПЦР тест или вакцинирани

22.04.2021 / 9:03


Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Според најавите што Филипче ги добил  од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од дваесетина овластени лаборатории кои стручната Комисија на Министерството за здравство и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира  доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба, изјави Филипче во интервју за ТВ Сител.

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Падна „Талир 2“, политички монтираниот случај против ВМРО-ДПМНЕ

пред 5 часа
Македонија

Новите министри спој од експерти и политички кадри од коалициските партнери

пред 8 часа
Македонија

Изгласана реконструкцијата на владата

пред 20 часа
Македонија

Филипче не се плаши од Мицкоски

пред 23 часа
Македонија

Николоски: Убаво е да зборуваме за брза пруга, автопати, експресни патишта и аеродроми, но прво луѓето кога ќе излезат од дома гледаат дали газат во кал

пред 2 дена
Македонија

Ќе се испитува што точно се случило со авионот над македонското небо

пред 3 дена
Македонија

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Продолжуваме со реформите и натаму ќе бидеме први во нив

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Ќе се гради автопатот Требениште–Струга–Ќафасан

пред 4 дена
Jojobet GirişgrandpashabetjojobetMadridbetMadridbetMadridbetMadridbetultrabetjojobetJojobetfixbetjojobetsüpertotobetsüpertotobetcasibomcasibomcasibom girişşanlıurfa konteynerBetpasBetsmovebetciobetcioİmajbetGrandpashabetHoliganbetHoliganbetHoliganbetjojobet girişjojobetjojobetjojobet giriş