Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  ги демантираа информациите кои се појавија во јавноста, а се шират преку социјалните мрежи дека исчезнатите лица кои беа пронајдени мртви им биле вадени органи.

Апелирам до граѓаните на одговорен однос и на одговорен пристап, затоа што  најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните Вчера прочитав информации за некакви исчезнувања, па наводно потоа биле наоѓани без одредени органи. Апсолутно ги демантирам овие работи. Сите овие случаи на исчезнати лица пронајдени починати се врши обдукција на нивните тела и извештаите точно се знаат, рече Спасовски, додавајќи дека во ниту еден момент нема простор за паника“, рече Спасовски.