Социјалистичката партија на Македонија изразува крајна огорченост и револт од неразумното постапување на Владата во спроведување на таканаречената кампања на “Саемот за храна, вино и туризам“ во Белград и најавува кивична одговорност за оние кои ги забраниле производите со „Made in Macedonia“.

Социјалистичката партија на Македонија во своето соопштение реагира на владината забрана за употреба на придавката ,,македонски” за производи од Макеоднија. СПМ ова го смета за брутален антимакедонски чин на луѓе кои го имаат изгубено елементарното чувство за припадност.

-Владата дрско и безобразно забранува употреба на зборовите “Македонија“ и “македонски“ на амбалажите и рекламните материјали за производите и услугите од македонските производители и трговци дури и во промотивни цели, со што се потврдува дека оваа ненародна Влада се срами од своето потекло и од името на својата држава. Воедно ова претставува и сериозно кривично дело за кое што ќе се одговара, смета Социјалистичката партија на Македонија, која со целосна сериозност ја нагласува ,,невидената и примитивна дрскост за директната и непосредна владина контролна проверка на производите и услугите што ќе се презентираат со исклучување на секакво “македонско“ на нив или во нив, иако логото “Made in Macedonia“ се уште е македонско национално и не постои забрана за негова употреба на македонските производи и услуги, дома и во светот”.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека граѓаните и компаниите секојдневно се сведоци на несфатливото, неразумното и штетно делување на однародената владина клика која злоупотребувќајќи го концептот за “Винската визија на Отворен Балкан“ го промовира сопствениот социјалдемократски концепт за уништување на се што е македонско.

Време е состојбите да се средат со добивање природен демократски тек преку вонредните парламентарни избори и рушење на оваа одродена антимакедонска власт, порачува СПМ во реакцијата.