Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 82. седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот, министрите и други функционери во Владата.

Седницата за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Предност за поставување прашања имаат пратениците од опозицијата.