Продолжи расправата за францускиот предлог во Собранието.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ аргументирано излегуваат со ставови за штетноста на овој предлог со кој Македонија нема да ги започне преговорите, туку ова ќе наликува на поздравот од авиончето на Заев, Димитров и Османи.

Пратениците од опозицијата сметаат дека Уставот треба да се отвори пред влезот на Македонија во ЕУ и дека сега тоа нема да го прифатат во никој случај.

Затоа бараат од премиерот Ковачевски да дојде во Собранието и да не се крие.

Пратеничката Жаклина Пешевска рече дека францускиот предлог кој што се обидува да го протне владата на СДСМ и Димитар Ковачевски ја запечатува судбината на македонскиот народ, укажувајќи дека тоа што истиот се дискутира во собрание е всушност поделба на одговорноста која што власта не сака да ја преземе.

-Со овој предлог ја запечативте судбината на македонскиот народ за многу години во иднина. Инаку, самото вмешување на собранието е само по себе преседан бидејќи се работи за меѓувладина седница, а не собраниска. Па оттука собранието е само параван на оваа влада и купување на време за да ја подели одговорноста со нас пратениците за документи за кои ниту сме консултирани, прашани, туку брутално заобиколени и маргинализирани, изјави таа.