Новата пратка од 140.000 обрасци за пасоши ја пречека синоќа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица. Тој најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира бројката од 225.000 обрасци.

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, соопшти Бојмацалиев во објава на Фејсбук.