Станарите се вратија дома, миризбата во зградата во скопски Аеродром била од пелени полни со измет и мочка, кои не биле фрлени, појасни градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени. Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација“, рече градоначалникот Шилегов.
Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените , кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените , така што ќе го преземат случајот , рече градоначалникот на Скопје.
Comments are closed for this post.