Деновиве најактуелни се изјавите на македонските политичари за менување на Уставот и на Преамбулата. Но, малкумина всушност знаат што значи зборот Преамбула и на што таа се однесува.

Според дефиниција, Преамбула означува „воведен дел од важен правен акт, закон, устав, меѓународен договор во кој се изнесени целта на актот и неговите основни начела“.

Според тоа, и македонскиот Устав има своја Преамбула која е наведена при неговото донесување на 17 ноември 1991 година.

Во неа е пишува дека „ Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на Македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат“.

Ваквата содржина на Преамбулата беше во сила се до 2001 година кога по воениот конфликт и Рамковниот договор мораше повторно да се регира во текстот. Главната промена тогаш беше направена што покрај Македонскиот народ се споменува и албанскиот народ,влашкиот, српскиот, ромскиот и бошњачкиот.

Со потишувањето на договорот со Грција власта веќе не крие дека ќе се менува Уставот а со тоа неминовно и Преамбулата.Со тоа почнаа отворените сомневања дека Македонскиот народ би можел од контитутивен народ во државата да стане една од етничките групи или пак во најлошо сценарио само граѓани.

Стојан Андов, првиот првиот претседател на Собранието во чие време е донесен првиот Устав но и измените во 2001 година вели дека не треба да постојат такви стравувања и оти најверојатно ќе се реагира во делот каде ние се повикуваме на АСНОМ, односно  ќе треба да се наведе дека во основата на нашата држава е одлуката на АСНОМ за основање на „Демократска Федерална Македонија“ како што се викала нашата земја во тоа време.

Со тоа треба да се знае дека другите делови, односно да се знае дека другите делови од АСНОМ со документите кои постојат не се важечки за денешницата.Еден од тие документи е Манифестот каде стои дека новата држава што ја правиме ќе ги обединува трите делови на Македонија, и Пиринска и Егејска.Тоа е неодржливо и нам не ни треба во Уставот- објаснува Андов во интервју за „Pressing TV“