Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека ставот на партијата за името ги обединува сите кои се против, како што вели, капитулантскиот договор со Грција.

Тој забележува дека ставот на партијата ги обединува сите кои ќе се одлучат да гласаат против или ќе се одлучат да апстинираат на референдумот на 30-ти септември, бидејќи не се согласуваат со Договорот од Преспа.

-Ако ставот на високите претставници на меѓународната заедница е дека имаме референдум и дека врз основа на тој референдум граѓаните треба да одлучат како ќе постапат, односно да гласаат еве тие уште по идат определено, ги насочуваат постапките и активностите на граѓаните велат како ќе гласаат, без разлика дали ќе гласаат за или против, битно е велат да го искористат правото граѓаните. Ние велиме нашиот став е како ќе постапат кој што ги обединуваме сите граѓани во Република Македонија вклучително и овие. Така што вака математички да се изразам, ова претставува подмножество на нашиот став. Односно сето ова што е кажано од страна на високите претставници на меѓународната заедница е подмножество на нашето множество, а нашето множество е широко и ги опфаќа сите оние граѓаните во Република Македонија кои што на овој референдум ќе имаат било каква активност. Таа активност може да биде на начин на кој што ќе одлучат да апстинираат или на начин на кој што ќе одлучат да излезат и да гласаат. Дали тоа ќе гласаат за или против сеедно е нашиот став-изјави Мицкоски за ТВ 21.