Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче наместо како што ветуваа дека ќе дојде живот, носат смрт. Револтот на граѓаните од ден на ден расте, обвини денеска Маја Славева  од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и Заев се однесуваат скандалозно, си поигруваат со здравјето на граѓаните. Епидемијата со морбили излезе од контрола. Во период на епидемија бројката на заболени расте и сега има повеќе од 200 лица со морбили. На праг е епидемија со грип, а нема никакви мерки. Има околу 1.300 лица заболени со грип. Нема мерки, но има жртви! Почина шестмесечно бебе од морбили, почина петгодишно девојче од грип. Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, не дадовте одговори, а кај родителите направивте хаос во главите. Предизвикавте контра ефект па и најголемите поборници на вакцинирањето сега се сомневаат и имаат дилеми. Што правите сега со грипот? Ќе преземете ли мерки. Но, скандалите не завршуваат со ова. На Клиниката за стоматологија во 21 век се појави смртоносна бактерија МРСА. Нагласивте „нема опасност од зараза“?! Се покажа дека уште еден е заболен. Тоа ли е вистината, министре? Граѓаните не ви веруваат. Сега ветувате дека изградбата на новиот клинички ќе стартува до крај на годината. Навистина? Се е подготвено?! Се што правите укажува на неспособност и аматеризам, лажење на граѓаните. За краток период се случија, во најмала рака, многу пропусти. Нема јасни одговори, уште помалку одговорност за толку многу пропусти и трагедии во за краток период. Ова е скандалозно однесување. За ова несомнено одговорност треба да понесе министерот Филипче и неговиот ментор Зоран Заев. Ова е причина зошто СДСМ мора да си замине. Излезете на избори и видете што мислат граѓаните за хаосот што го предизвикавте во здравството, порача таа.