Патник во автобус на ЈСП, бил притиснат од вратите на автобусот, поради што паднал на тротоарот и се повредил. Поради добиените повреди, 62-годишниот скопјанец Д.З. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Несреќата се случила во автобус број 7, што се движел во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош. Кога автобусот застанал на автобуската постојка кај Градежниот факултет на булеварот „Партизански Одреди“, додека човекот се симнувал, возачот ги затворил вратите при што Д.З. бил пригмечен од вратите, по што паднал на тротоарот.

Како што соопштија од МВР, се работи на целосно расчистување на случајот.