За промена на Уставот не се потребни 80 туку 81 пратеник, убеден е Игор Јанев, правен експерт и еден од најдоборите познавачи на уставната проблематика.

Тој за Пресинг ТВ објаснува дека во македонското законодавство, во зависност од видот на законите тие можат да се донесат со просто мнозинство за кој е потребно да се изјаснат мнозинството од присутните пратеници во Собранието, но најмалку една третина од вкупниот број на пратеници, односно најмалку 41.

Потоа постои  апсолутно мнозинство за кој е потребна е поддршка од страна на мнозинството од вкупниот број на пратеници во Собранието, односно најмалку 61 пратеници.

И постои двотретинско или квалификувано за кое е потребно позитивно да се изјаснат две третини од вкупниот број пратеници во Собранието. Ова значи дека законот е донесен кога за неговото донесување гласале 81 пратеник. Во Уставот на Република Македонија се точно прецизирани законите за кои се бара двотретинско мнозинство. Тоа се: Законот за грб, знаме и химна; Законот за организација на органите на државната управа; Законот за судови; Законот за локална самоуправа; Законот за одбрана и законите за судски постапки-објаснува Јанев за Пресинг ТВ.