Шефицата на СЈО, Катица Јанева, не дала наредба за претреси  и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите. Ова за Пресинг ТВ го тврди вработен во СЈО.

„Немам таква информација  и не сум видел такво нешто. Ја прашав Јанева, немала таква наредба“, вели во писмената изјава Панта Џамбазовски од Одделот за комуникации со јавноста.

Инаку, денес „А1он“ објави дека специјалната обвинителка во оставка наредила претреси откако  таа добила покана за распит од обвинителката Вилма Русковска.

Според порталот, новината не им била соопштена на обвинителите и останатите вработени. Јанева ја донела одлуката денес, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева, велат извори за „А1он“.

Инаку, по отривањето на аферата „Рекет“ обвинителите во СЈО се оградија од својата шефица.