Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.

На најновата листа на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година се наоѓаат илјада универзитети. На прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.

Следните десет најдобри универзитети се: Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнискиот институт за технологија и Универзитетот во Чикако.

Универзитетот Цирих, кој е на 19 место, останува да биде најдобро рангиран во Европа, а универзитетот во Копенхаген е на второ место, односно на 29 на Шангајската листа.

Голем пад е забележан кај Универзитетот Сорбона, кој падна дури за осум места на листата најдобро рангирани високообразовни институции.

Од земјите во регионот, најдобро рангирани се универзитетите во Белград, меѓу 400 и 500 место и во Атина меѓу 300 и 400 место. Љубљанскиот и Солунскиот „Аристотел“ универзитет се позиционирани меѓу 400 и 500 место.

Универзитетот во Загреб е меѓу 500 и 500 место. На Шангајската листа е рангиран и Софискиот универзитет меѓу 900 и 1000 позиција.

Шангајската листа што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму.