Нема шанси новите бомби да се излезени од кај нас, велат од Специјалното јавно обвинителство за Пресинг Тв, додавајќи дека не коментираат изјави на политичари. Ваквиот став следува по потврдата на премиерот Зоран Заев дека тие се дел од материјалот предаден во СЈО.

Материјалите се чуваат според посебен режим и не постојат ни теоретски можноти да се дојде до нив, а камо ли да се изнесат надвор. За тоа и кривично се одговара. Тие се чуваат и се издаваат за слушање под посебен режим. Да ги преслушува може само обвинител и се води строга евиденција и на издавање и на враќање. Се уште се прават анализи дали новите „бомби“ ги има меѓу предадените, дали дел од нив или воопшто ги нема“, велат од СЈО.