Шефот на Изборниот штаб на Стево Пендаровски, Александар Кирацовски, смета дека тие како владејачко мнозинство имаат малку повеќе одговорност како ќе поминат изборите.

Според него, сепак сите политички чинители имаат одредена одговорност и затоа ги повикува сите да покажат висока демократска зрелост и да се овозможи граѓаните да го дадат гласот во една мирна и демократска атмосфера.