Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов смета  дека дел од градоначалниците на другите општини околу Скопје, придонеле за енормното загадување на главниот град.

Тој за „Алфа“ изјави дека изјави дека локалната власт не може сама да се справи со загаденоста.

Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места-објасни Шилегов за Алфа.

Ова негова реакција следува откако Скопје денеска беше петти најзагаден град во светот.