Не знам зошто жена не би можела да биде врховен командант на вооружените сили, нагласи вчера кандидатот за претседател Гордана Силјановска.

Јас мислам дека опасно е да биде командант на вооружените сили некој кој толку брзо говори, побрзо од мислите понекогаш ги кажува работите, контардикторен е, заборава што кажал, таква конфузија е опасна. За да се биде командант на вооружени сили треба да се мерат зборовите, треба да се брои времето, треба да се мисли на граѓаните, треба да се мисли на последиците. Тие се фалат со нашата армија меѓутоа заборавија да ја облечат. Боса армија не е армија-порача Силјановска на вчерашниот митинг