Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска на вечерашниот митинг во Делчево зборуваше за Македонците во Грција.
Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, рече Силјановска.
Кандидатката за претседател потенцираше дека не е националист, но дека не може, а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според уставот.
Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конвенција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското“, рече Силјановска Давкова.
Таа од Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новинарите на ТВ21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.
Гледате што се случило денеска во Арачиново? Новинарска екипа од телевизијата „21“ била избракана од општината, им се заканувале со сила, а потоа се јавиле и кај главниот уредник дека ништо од снименто не смее да биде објавно. А екипата отишла да сними репортажа за тоа дека треба да се гради канализација. А од градбата и од парите за канализацијата нема ниту трага, ниту глас“, рече Силјановска Давкова.
Според неа, како професорка по уставно право никој нема право некому да му ускрати на кој било граѓанин право на слободна на информирање.
Comments are closed for this post.