Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова прогласи победа во првиот круг и се обрати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале за Река, разликата е повеќе од 70 илјади гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим без владеење на правото, потонат во коруција, тоа е најважно. Опозицијата успеала навистина не само да им предочи, туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда, може да си раскажуваме прикаски за ЕУ и НАТО“, рече Сиљановска.

Таа истакна дека на оваа земја и треба нов профил на политичари, демократска култура, европско лидерство.

Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ“, рече Сиљановска.

Што и да се случи Сиљановска рече дека ова е најважниот момент во нејзиниот живот.

Ги запознав проблемите на граѓаните непосредно. Видов кои се очекувањата за економија,вработувања, живот кој го нема, а економија не може да има ако нема владеење на правото. Европски живот може да има само во правна држава. хјас ќе останам целосно посветена на правото и правдата. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни“, порача Сиљановска.