Кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори рече дека се надева оти конечно ќе излеземе од транзицискиот лавиринт и ќе влеземе во демократската транзиција.

Силјановска рече дека кампањата се обидела да ја обои женски, со знаење, со посветеност, со аргументи докажувајќи дека жените имаат посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите.

Таа додаде дека кампањата била успешна и дека очекува да влезе во вториот круг, во спротивно рече Силјановска, својот глас ќе го даде за кандидатот Блерим Река, заради стручноста, компетентноста и граѓанската ориентација.